Acerola Vitamin C Mask

by kail

Acerola Vitamin C Mask

Маската во прав со витамин Ц и ацерола ја витализира уморната, безживотна кожа, ја поттикнува нејзината затегнатост со овошните екстракти од ацеролните цреши. Витаминот Ц додатно ја стимулира колагенската синтеза и прави лифтинг на кожата од најголемите длабочини.

КОРИСТЕЊЕ

  • 1 чекор: Заштитете ја косата на клиентот (пр. со харт. марамчиња).
  • 2 чекор: Нанесете концентрат од активни супстанци во зависност од типот на кожа на потребните делови и нежно притиснете. Нека делува неколку минути.
  • 3 чекор: Измешајте ја маската. Набрзина измешајте 30 g прав со отпрл. 90 ml Ocean Mineral Activator (собна темп.) за да се формира мека смеса.
  • 4 чекор: Подеднакво нанесете тенок слој од маска на лицето и вратот или на соодветните делови од телото нанагоре со помош на шпатула. Изоставете ги очите и устата (или вклучете ги инив откако ќе се консултирате со клиентот). Секако, респираторниот тракт останува слободен. Дозволете и на маската да делува 15 – 20 минути.
  • 5 чекор: Едноставно излупете ја маската и отстранете ги остатоците со влажно сунѓерче ако тоа е потребно.
  • 6 чекор: Потоа нанесете ја соодветната крема за нега.

Совет: Кога ставате маска, остатоци од маска може да бидат видливи на нежната кожа. За да го избегнете ова, едноставно нанесете малку хидратантен крем по рабовите на маската на вратот, линијата на косата и ноздрите.

СОСТОЈКИ

  • Алгинат: Откако ќе се измеша и исуши, алгинат им дава на овие маски во прав цврста, еластична конзистентност (мека маска за лупење). Исто така, ја навлажнува, зацврстува и затегнува кожата
  • Натриум аскорбат: Натриумова сол на аскорбинска киселина (витамин Ц), антиоксиданс, ја стимулира синтезата на колаген
  • Ацерола: Екстракт од овошје, особено богат со витамин Ц (17%) плус витамини А