СУВА КОЖА
Климатизирани или загреани простории, сонце, ветер, патувања со автомобил и авион - има безброј ситуации во кои кожата ја губи својата влажност. Особено кога вашата кожа е природно сува, потребна ви е постојана нега! Со дефицит на влажноста и липидите, дури и младата кожа има тенденција за брчки, еластичноста на кожата е значително намалена, тенот изгледа блед, а кожата го губи својот природен сјај.
DRY SKIN линијата ја надоместува влажноста кај сувата и дехидрирана кожа. Сеопфатната палета на производи е нуди комплетна нега кај сувата кожа со недостаток на липиди, како и за сува кожа со недостаток на влага. Кожата е обезбедена со интензивна и долготрајна влага, хидролипидната бариера - одговорна за содржината на влага во кожата - се зајакнува, брчките предизвикани од сувост се намалуваат и кожата станува сјајна, мазна и видливо освежена.