473
Botanica White Mask
Botanica White Mask е маска во прав базирана на алги. Збогатена е со високо квалитетен комплекс од тревки кој е составен од корен од црница, грозје, цвет од минт и екстракт од саксифраг. Дејството на ензимите кои се одговорни за производството на меланин е спречено комплетно. Идеална во случај на хиперпигментација како на пр. кафеави дамки или хлоазма, итн.
КОРИСТЕЊЕ
- 1 чекор: Заштитете ја косата на клиентот (пр. со харт. марамчиња).
- 2 чекор: Нанесете концентрат од активни супстанци во зависност од типот на кожа на потребните делови и нежно притиснете. Нека делува неколку минути.
- 3 чекор: Измешајте ја маската. Набрзина измешајте 30 g прав со отпрл. 90 ml Ocean Mineral Activator (собна темп.) за да се формира мека смеса.
- 4 чекор: Подеднакво нанесете тенок слој од маска на лицето и вратот или на соодветните делови од телото нанагоре со помош на шпатула. Изоставете ги очите и устата (или вклучете ги инив откако ќе се консултирате со клиентот). Секако, респираторниот тракт останува слободен. Дозволете и на маската да делува 15 – 20 минути.
- 5 чекор: Едноставно излупете ја маската и отстранете ги остатоците со влажно сунѓерче ако тоа е потребно.
- 6 чекор: Потоа нанесете ја соодветната крема за нега.
Совет: Кога ставате маска, остатоци од маска може да бидат видливи на нежната кожа. За да го избегнете ова, едноставно нанесете малку хидратантен крем по рабовите на маската на вратот, линијата на косата и ноздрите.
СОСТОЈКИ
- Алгинат: Откако ќе се измеша и исуши, алгинат им дава на овие маски во прав цврста, еластична конзистентност (мека маска за лупење). Исто така, ја навлажнува, зацврстува и затегнува кожата
- Осветлувачки билен комплекс: (корен од црница, грозје, екстракт од саксифраг) го разбива постојниот меланин, делува на осветлување на кожата, го инхибира формирањето на нов меланин