481
Dead Sea Black Mask
Својството на апсорбирање на оваа маска е потпомогнато со додавањето на активните супстанци добиени од талогот од Мртво море. Тие типови на кожа кои се склони на дамки, зголемено лачење на себум и проширени пори, имаат голема корист од ова својство на расчистување на кожата. Додавање на масло од чајно дрво нуди ефикасна заштита од понатамошни оштетувања.
КОРИСТЕЊЕ
- 1 чекор: Заштитете ја косата на клиентот (пр. со харт. марамчиња).
- 2 чекор: Нанесете концентрат од активни супстанци во зависност од типот на кожа на потребните делови и нежно притиснете. Нека делува неколку минути.
- 3 чекор: Измешајте ја маската. Набрзина измешајте 30 g прав со отпрл. 90 ml Ocean Mineral Activator (собна темп.) за да се формира мека смеса.
- 4 чекор: Подеднакво нанесете тенок слој од маска на лицето и вратот или на соодветните делови од телото нанагоре со помош на шпатула. Изоставете ги очите и устата (или вклучете ги инив откако ќе се консултирате со клиентот). Секако, респираторниот тракт останува слободен. Дозволете и на маската да делува 15 – 20 минути.
- 5 чекор: Едноставно излупете ја маската и отстранете ги остатоците со влажно сунѓерче ако тоа е потребно.
- 6 чекор: Потоа нанесете ја соодветната крема за нега.
Совет: Кога ставате маска, остатоци од маска може да бидат видливи на нежната кожа. За да го избегнете ова, едноставно нанесете малку хидратантен крем по рабовите на маската на вратот, линијата на косата и ноздрите.
СОСТОЈКИ
- Алгинат: Откако ќе се измеша и исуши, алгинат им дава на овие маски во прав цврста, еластична конзистентност (мека маска за лупење). Исто така, ја навлажнува, зацврстува и затегнува кожата
- Морска кал и сол добиени од Мртвото Море: Богато со минерали и елементи во трагови (цинк, магнезиум, бакар), го збогатува и ревитализира метаболизмот на кожата, смирува, прочистува и ја навлажнува кожата
- Масло од чајно дрво: Има антибактериско и антиинфламаторно дејство
- Масло од лимон: Антибактериско, освежувачко и хармонизирачко дејство