OILY SKIN
Црните точки, папулите и пустулите, ја карактеризираат масната кожа, која обично открива зголемени пори. Ова е често и тешко нарушување на кожата, кое започнува во пубертетот и може да се прошири до зрелоста. Прекумерниот себум и нечистотиите на површината на кожата формираат медиум во кој цветаат одредени микроби, што доведува до воспаление на кожата.
Склоноста кон фоликуларна хипер-кератоза, прекумерното производство на себум и прекумерното загадување на флората на кожата со бактерии се сметаат за трите причини кои ја влошуваат состојбата на масната кожа. Токму во вакви случаи Oily Skin линијата може и треба разумно да се применува.
Задачата на сериијата на производи за нега на масна кожа е да ја нормализира состојбата и локално да се бори против проблематичната кожа. Всушност се бори против тенденцијата за развој на акни во почетната фаза.