Deep Xpress Moist Serum

by kail

Deep Xpress Moist Serum

Сувата кожа веднаш видливо се измазнува и тенот е повторно блескав, младешки и свеж.
Содржината на влажност во кожата долготрајно се зголемува и се зајакнуваат кожните бариери и сопствениот одбранбен систем на кожата. Штетните влијанија од околината, слободните радикали и оксидативниот стрес се отстрануваат за да се спречи предвременото стареење на кожата и да се поддржат сопствените механизми за регенерацоја на клетките на кожата.
Нанесете серум наутро и навечер по чистењето на лицето и потоа нанесете хранлива крема.
Совет: Кога се нанесува директно под шминка без дневна крема (освен за екстремно сува кожа), шминката со часови изгледа како сега да е нанесена.

СОСТОЈКИ:

  • Hydro Express Complex: Молекуларна мрежа на природни биополимери (хијалуронска киселина, алгинат и пулулан) со ултра-концентрирани навлажнувачки активни состојки (глицерин, серин, трехалоза, уреа). Активните состојки постепено се ослободуваат во епидермисот. Се зголемува влажноста на кожата (25% повеќе влажност за само 30 минути) Долготрајна заштита; ја зголемува влажноста на кожата до 5 дена после последната апликација
  • Екстракт од дива виола: Обезбедува долготрајна влажност длабоко во кожата; ги активира каналите на вода помеѓу клетките на кожата, надополнувајќи ги резервите на влажност на кожата
  • Хијалуронска киселина со долги ланци: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Хијалуронска киселина со кратки ланци: продира во горните слоеви на еподермисот и ја црпи водата таму, омекнувајќи ги фините линии и брчките
  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влажност во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влажност по 24 часа)
  • Ектоин: долготрајно ги штити клетките на епидермисот од стрес на околината, зголемувајќи ја содржината на влажност (+30% за 12 дена) и намалувајќи ги пигментациските дамки (-22% за 4 месеци)