najcosmetics
  • Дома
  • Janssen колекции
    • Dry skin
    • Sensitive skin
    • Oily skin
    • Combination skin
    • Demanding skin
    • Mature skin
    • Fair skin
    • All skin
    • Make up
    • Sun
    • Platinum
    • Body
    • men
    • Cream face masks
    • Ampoules
    • Collagen masks
    • Peeling masks
    • Peel-off masks
    • Exfoliation
  • За нас
  • Контакт
  • Blog
Category:

Dry skin

Dry skin

Hyaluron³ Replenish Cream

by kail 02.12.2020
written by kail

Hyaluron³ Replenish Cream

Сувата кожа на која и недостасуваат липиди добива забележлива смиреност и еластицитет.Ја регенерира кожата преку ноќ и ја зајакнува нејзината бариера.
Кожата е видливо хидрирана и измазнета, и за кратко време е надополнет дефицитот на влажност и липиди. Чувството на затегнатост е забележливо намалено бидејќи кожната бариера е зајакната и добива поголема еластичност. Оптимална крема за нега во зимскиот период.

СОСТОЈКИ

  • Хијалуронска киселина со долги ланци: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Хијалуронска киселина со кратки ланци: продира во горните слоеви на еподермисот и ја црпи водата таму, омекнувајќи ги фините линии и брчките
  • Вкрстена хијалуронска киселина: Нејзината специјална структура помага да се создаде стабилна, навлажнувачка мрежа на кожата со многу импресивен ефект на пополнување на брчките.
  • Екстракт од бел лупин: Ја подобрува епидермалната синтеза на протеини и липиди, ја ограничува трансепидермалната загуба на вода (TEWL) и ја зајакнува функцијата на бариерата на кожата (кожната бариера е 11% постабилна по 14 дена)
  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влажност во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влага по 24 часа)
  • Сахарид изомерат: Комплекс на јаглени хидрати идентичен на кожата за долготрајна хидратација (72-часовен долгорочен ефект)
  • Алфа Бисаболол: Смирува, ја ублажува иритацијата, дејствува антивоспалително
  • Масло од авокадо: Навлажнува; храни, измазнува и ја регенерира кожата
  • Витамин Е – Ацетат: ја штити кожата од слободните радикали
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Hydro Active Gel

by kail 02.12.2020
written by kail

Hydro Active Gel

Ултра лесeн гел кој длабински ја хидрира кожата за свеж, природен сјај. Истовремено, долготрајно ја задржува влажноста. Хијалуронот ги намалува брчките предизвикани од сувост и и дава на кожата свиленкасто мек и свеж тен.
Пријатно лесната гел-текстура ги намалува иритациите и го изедначува профилот на кожата Затоа е совршен како освежувачка летна нега и како супер основа за шминка и свиленкасто мек тен.

СОСТОЈКИ

  • Екстракт од диви љубичици: Богат со олигосахариди; ги активира каналите помеѓу клетките на кожата, надополнувајќи ги резервите на влага во кожата
  • Хијалуронска киселина со долг ланец: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влага во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влага по 24 часа)
  • Шеа путер: Ја храни кожата, ја поддржува нејзината бариерна функција и ја прави мека и еластична, намалувајќи го чувството на затегнатост кај сувата кожа
  • Д-Пантенол: Про-витамин Б5; ја подобрува природната регенерација на кожата и ја зајакнува нејзината бариерна функција
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Mild Face Rub

by kail 02.12.2020
written by kail

Mild Face Rub

Нежен пилинг кој се нанесува на лице еднаш до 2 пати неделно. Мртвите клетки се отстрануваат и кожата станува мека и нежна.
Нанесете го пилингот на исчистената кожа на лицето и деколтето еднаш до двапати неделно. Дистрибуирајте и масирајте нежно неколку минути со навлажнети прсти. Потоа исплакнете темелно со топла вода. Последователно, третирајте повторно со Radiant Firming Tonic. Идеално пред да нанесете серум.

СОСТОЈКИ

  • Гранули за пилинг од восок од јојоба: Заоблени абразивни честички кои се топат поради топлината на телото при нанесување
  • Неутрално масло: Масло за нега од кокосово масло; ја остава кожата мека и кадифена и ја прави еластична
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Radiant Firming Tonic

by kail 02.12.2020
written by kail

Radiant Firming Tonic

Освежувачки тоник за лице за сува кожа. Ја освежува кожата после чистењето со Mild Creamy Cleanser. Тоникот се нанесува на памук и се натапкува нежно на лицето и вратот.
Совет: Многу е корисен ако се нанесе неколкукратно околу очите кај сензитивна кожа.

СОСТОЈКИ

  • Растворлив колаген: Интензивно ја врзува и задржува влагата; формира лифтинг филм
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Mild Creamy Cleanser

by kail 02.12.2020
written by kail

Mild Creamy Cleanser

Лосион за секојдневно чистење на кожата. И дава на кожата чувство на чистота и оптимално ја подготвува за наредната нега која претстои. Содржи природно масло од авокадо.
Нанесете го млекото за чистење на лицето и вратот наутро и навечер и масирајте со врвовите на прстите со кружни движења. Измијте го лицето обилно со млака вода
Совет: Се препорачува при чисгтење на многу шминка. За да го направите ова, ставете млеко за чистење и отстранете го вишокот со палома. Потоа нанесете повторно и измијте со многу вода.

СОСТОЈКИ

  • масло од авокадо: Богато со природни масни киселини и витамини А, Е и Д; се грижи и ја штити кожата дури и при чистење, остава кожата да биде мека и мазна
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Aqualift Eye Gel

by kail 02.12.2020
written by kail

Aqualift Eye Cream

Освежителен, навлажнувачки гел за околу очи. Ги измазнува брчките кои се предизвикани од сувост во очната регија и ги намалува отоците и темните кругови околу очите. Идеален за лицата кои носат контактни леќи и наочари.
Нанесете Aqualift Eye Gel околу очите наутро и навечер и по желба во текот на денот, нежно тапкајте со врвовите на прстите.
Совет: Кога се чува во фрижидер, Aqualift Eye Gel е особено освежувачки за употреба. Овој ефект на ладење го поддржува деконгестивниот ефект на гелот.

Состав

  • Sensitive Complex: Супер состојка од растителна основа со екстракт од хмељ и пантенол и див костен, и екстракт од невен ги зајакнува крвните садови, ги намалува темните кругови околу очите (-65% по 28 дена) и го спречува отокот. Линиите на сувост исчезнуваат и очите изгледаат посвежо и посветло
  • Хијалуронска киселина со долги ланци: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Хијалуронска киселина со кратки ланци: продира во горните слоеви на еподермисот и ја црпи водата таму, омекнувајќи ги фините линии и брчките
  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влага во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влага по 24 часа)
  • Екстракт од матични клетки од грозје: Ги штити матичните клетки на кожата од влијанието на УВ зраците; ја зголемува UV толеранцијата на кожата, се бори против фотостареењето; за кожа со здрав изглед
02.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Super Hydrating Cream

by kail 01.12.2020
written by kail

Super Hydrating Cream

Super Hydrating Cream
Високо ефикасна хидратантна крема која ја смирува кожата и и дава свиленкаста мазност и прекрасно мазен тен. Кожата е интензивно и долготрајно снабдена со максимална влажност во нејзините најдлабоки делови и брчките се измазнуваат. Во исто време, природната бариерна функција на кожата се зајакнува за да ја заштити од надворешни влијанија.
Хијалуронската киселина ја врзува влагата за подлабоките слоеви на кожата и формира многу стабилна мрежа која гарантира континуирано ослободување на влага и активни состојки.

КОРИСТЕЊЕ
Нежно масирајте го лицето и деколтето наутро и/или навечер после чистење и тоник. Одлична основа за шминка.

СОСТОЈКИ:

  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влага во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влага по 24 часа)
  • Сахарид изомерат: комплекс на јаглени хидрати идентичен на кожата за долготрајна хидратација на кожата (72-часовен долгорочен ефект)
  • Хијалуронска киселина со долги ланци: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Хијалуронска киселина со кратки ланци: продира во горните слоеви на еподермисот и ја црпи водата таму, омекнувајќи ги фините линии и брчките
  • Вкрстена хијалуронска киселина: Нејзината специјална структура помага да се создаде стабилна, навлажнувачка мрежа на кожата со многу импресивен ефект на пополнување на брчките.
  • Масло од макадамија: ја поддржува бариерната функција на кожата
  • Шеа путер: Ја храни кожата, ја поддржува бариерната функција на кожата
  • Алантоин: Смирува, ги намалува иритациите
01.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Hyaluron Impulse

by kail 01.12.2020
written by kail

Hyaluron Impulse

Негата во капсули има особено нежна текстура и кожата се чувствува особено меко. Интензивен третман кој се нанесува во домашни услови. Се нанесува на лицето и вратот со врвовите на прстите.
Завртете и ја отворете ја капсулата Hyaluron Impulse можете да ја отворите и со ножици. Исцедете ја целата содржина и и нанесете на лицето и вратот со помош на врвовите на прстите. Изоставете ја областа околу очите. Ако сакате, нанесетеја вообичаената дневна или ноќна крем одозгора. Само за надворешна употреба.

Содржи:

  • Хијалуронска киселина со долг ланец: Високо молекуларен и биотехнолошки добиен хидратантен крем со висок капацитет за врзување на влагата, формира филм за измазнување на површината на кожатa.
  • Двоен систем на пептиди: Миристил пентапептид-8 и миристил тетрапептид, исто така, се наоѓаат во кожата и затоа се способни да продрат особено длабоко преку површинскиот слој. Видливо го подобрува волуменот на кожата.
01.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Deep Xpress Moist Serum

by kail 01.12.2020
written by kail

Deep Xpress Moist Serum

Сувата кожа веднаш видливо се измазнува и тенот е повторно блескав, младешки и свеж.
Содржината на влажност во кожата долготрајно се зголемува и се зајакнуваат кожните бариери и сопствениот одбранбен систем на кожата. Штетните влијанија од околината, слободните радикали и оксидативниот стрес се отстрануваат за да се спречи предвременото стареење на кожата и да се поддржат сопствените механизми за регенерацоја на клетките на кожата.
Нанесете серум наутро и навечер по чистењето на лицето и потоа нанесете хранлива крема.
Совет: Кога се нанесува директно под шминка без дневна крема (освен за екстремно сува кожа), шминката со часови изгледа како сега да е нанесена.

СОСТОЈКИ:

  • Hydro Express Complex: Молекуларна мрежа на природни биополимери (хијалуронска киселина, алгинат и пулулан) со ултра-концентрирани навлажнувачки активни состојки (глицерин, серин, трехалоза, уреа). Активните состојки постепено се ослободуваат во епидермисот. Се зголемува влажноста на кожата (25% повеќе влажност за само 30 минути) Долготрајна заштита; ја зголемува влажноста на кожата до 5 дена после последната апликација
  • Екстракт од дива виола: Обезбедува долготрајна влажност длабоко во кожата; ги активира каналите на вода помеѓу клетките на кожата, надополнувајќи ги резервите на влажност на кожата
  • Хијалуронска киселина со долги ланци: формира филм за заштита на водата во кожата и ја штити кожата од дехидрација
  • Хијалуронска киселина со кратки ланци: продира во горните слоеви на еподермисот и ја црпи водата таму, омекнувајќи ги фините линии и брчките
  • Imperata cylindrica: Екстрактот од корен од пустинското растение Imperata cylindrica значително го зголемува нивото на влажност во горните епидермални слоеви за долготраен ефект (20% повеќе влажност по 24 часа)
  • Ектоин: долготрајно ги штити клетките на епидермисот од стрес на околината, зголемувајќи ја содржината на влажност (+30% за 12 дена) и намалувајќи ги пигментациските дамки (-22% за 4 месеци)
01.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Dry skin

Deep Xpress Hydro Mask

by kail 01.12.2020
written by kail

Hydrating Gel Mask+

Нанесете тенок слој од гел-маската на лицето и деколтето со гел-четка, не заборавајќи го пределот околу очите. Време на реакција: 5-20 минути. Отстранете ги остатоците со влажна крпа и продолжете со вообичаената рутина за нега на кожата. За максимално уживање, оставете ја маската да делува преку ноќ.

Совет: исто така идеална како маска после сонце или за употреба после вежбање и користење сауна.

Содржи Сорбитол: растителен шеќер со навлажнувачки својства кој е од клучно значење бидејќи ја регулира содржината на влага во кожата
Aquaporin-stimulating peptide (ASP), кој ја зголемува содржината на влага во Stratum corneum, надворешниот слој на епидермисот, преку активирање на природните аквапорини на кожата (канали кои ја дистрибуираат вода во клеточната мембрана)

01.12.2020 0 comments
0 FacebookTwitterPinterestEmail
Newer Posts
Older Posts

Пребарај

Promotion Image

Популарни објави

  • Утрински ритуал за прекрасна кожа

  • Совети за убавина

Цитат

Жалам што толку многу се грижев за својата кожа, кажа никој никогаш

Instagram

  • Facebook
  • Instagram

@2023 - All Right Reserved. Designed and Developed by MarketVision

najcosmetics
  • Дома
  • Janssen колекции
    • Dry skin
    • Sensitive skin
    • Oily skin
    • Combination skin
    • Demanding skin
    • Mature skin
    • Fair skin
    • All skin
    • Make up
    • Sun
    • Platinum
    • Body
    • men
    • Cream face masks
    • Ampoules
    • Collagen masks
    • Peeling masks
    • Peel-off masks
    • Exfoliation
  • За нас
  • Контакт
  • Blog